Синоќа по спроведена акциска контрола во 18 ноќни клубови и угостителски објекти во Скопје, регистирани се различни прекршоци како неиздавање фискални сметки, неевидентиран промет, а дел од објектите воопшто немале регистрирано правно лице.
Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи од страна на Управата за јавни приходи се изречени санкции кон 16 објекти, од страна на Државниот пазарен инспекторат изречени се санкции за осум објекти, а два објекта се запечатени. Притоа од Министерството иформираат дека во еден од клубовите бил пронајден кокаин кај Н.Г. (19) и против него ќе биде поднесена кривична пријава, а биле затекнати и малолетници по 24 часот.
Од страна на МВР ќе следат соодветни поднесоци.