Во текот на вчерашниот ден е извршен претрес во Тетово каде е пронајдена дрога, а приведен е 37 годишен дилер. Има сомнежи за инволвираност во повеќе кривични дела.
Вчера во 16.55 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.М.(37) од Тетово. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени четири тегли со марихуана, пари во различни апоени и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Лицето било задржано во полициска станица, за настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава. Се очекува настанот целосно да биде расчистен.
Деновиве МВР има интензивни акции и се запленува дрога на сите страни.
(ФОТО) ГОЛЕМА АКЦИЈА НА ЦАРИНА И БЈБ: Со македонски камион се носела дрога од Косово во Турција