При претресите кај Капушевски и Јахоски пронајдени пиштоли и 1.500 парчиња муниција. Испумпале нешто над 160 милиони евра државни пари.

Кривична пријава за вкупно 13 лица, 11-мина се уапсени, еден е во бегство, друг во притвор. Се сомничат дека сториле кривични дела поврзани со увоз на сомнителни набавки на деривати кои нанеле огромна штета на животната средина, здравјето на луѓето. Преку фиктивни договори за позајмици направиле милионска штета врз државниот буџет. Се гонат за злоупотреба на службената положба и перење пари.

МВР и ЈО со заедничка акција

Од МВР соопштија дека по насоки на надлежниот јавен обвинител, ќе продолжат со преземање на понатамошни полициски активности за обезбедување дополнителни докази за случајот и евентуални други кривични дела.

Во текот на вчерашниот ден во координирана акција на БЈБ, МВР и ОЈОГОКК беа приведени Капушевски и Јахоски, сопственици на РКМ Енерџи и Пуцко Петрол. Поранешниот директор на ЕСМ, Ковачевски веќе е во бегство и е баран за вмешаност во случајот „Адитив“.

Детали може да погледенете во продолжение.

Во Македонија нелегално се набавувале деривати: Капушевски, Јахоски, Ковачевски и Муча опфатени во новата истрага на МВР и ЈО

Испумпале нешто над 160 милиони евра државни пари

Според неофицијални информации овие 13 лица испумпале нешто над 160 милиони евра државни пари. Освен парите, набавувале штетно гориво со кое толку го загадиле воздухот што сериозно го загрозиле животот на граѓаните.

Пронајдени пиштоли и муниција

Претресите траеле цела ноќ. Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал поднесе кривична пријава за Капушевски и Асмир Јахоски. Едно лице е во бегство и едно лице е во притвор, а кривични добија и други 11 лица. При претресите пронајдена е и одземена документација, пет мобилни телефони, два пиштоли и 1.500 парчиња муниција од различен калибар и три патнички моторни возила.

Извор: Слободен печат