Државниот испитен центар (ДИЦ) соопшти дека по прелиминарните резултати од државната матура во јунската испитна сесија, објавени на 4 јули, приговор во законскиот рок поднеле 686 кандидати од кои прифатени се 268.

-Доколку на кандидатите им е прифатен приговорот, се менуваат перцентилите и/или оценката по тој предмет. Во рамките на законските прописи, денеска (12 јули 2023) Државниот испитен центар ги достави резултатите по однос на приговорите од државната матура од јунски испитен рок до училиштата. Овие резултати се конечни. Матурантите кои приговараа може да се јават денеска од 12 до 15:30 часот на телефоните 075/ 258-862 (за мајчините јазици и математика) и на 076/ 346-486 за странски јазик, за да закажат увид во тестовите. Увидот во тестовите го вршат кандидатите лично во закажаниот термин на 13 јули 2023 во ДИЦ, соопшти попладнево Државниот испитен центар.

До крајот на неделава е пријавувањето на кандидатите за полагање на екстерниот дел од државната матура за августовски испитен рок.

Испитите ќе се реализираат на 10 август 2023 – кога ќе се полага Македонски јазик и литератур