Повик до граѓаните да се пријават

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, поради актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти на Обединетите Арапски Емирати, активно работи на организација на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.

Сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, се повикуваат што побрзо да стапат во контакт со Амбасадата преку:

-Безбедноста на македонските државјани е највисок приоритет, и сите пријавени ќе бидат навремено информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата, велат од МНР.