Лажни се пријавите во деветте училишта во Скопје за поставена експлозивна направа, информираа вечерва од Министерството за внатрешни работи.
– Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави дека девет училишта на територија на Скопје добиле мејл со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, се наведува во соопштението од МВР.
Пријави за поставена бомба денеска добија девет скопски училишта, а дојава за поставена бомба имаше и вчера во осум скопски средни училишта.