Задоволство од резултатите во тест-фазата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изрази задоволство од резултатите постигнати во текот на тест-периодот на проектот „Безбеден град“. Според него, воведувањето на системот веќе дава видливи ефекти во однесувањето на возачите и во состојбата на сообраќајната безбедност.

Намалена брзина и помалку сообраќајни незгоди

Тошковски посочи дека граѓаните значително ја намалиле брзината на возење, а бројот на сообраќајни незгоди бележи опаѓање, особено на територијата на Град Скопје. „Тест периодот покажува дека Македонија има сила да биде нормална земја. Горд сум што македонските граѓани покажаа дека и во тест период, кога ќе се вметне едно решение, го сфатија и го забавија возењето во рамки на главниот град“, изјави министерот, нагласувајќи дека се намалени и тешките телесни повреди и смртните последици.

Пријавување неправилности преку пункт, интернет и апликација

Министерот најави дека граѓаните ќе можат да пријавуваат неправилности и проблеми со системот „Безбеден град“ преку специјален пункт во рамки на управните служби на МВР, преку интернет-страница и мобилна апликација. Тој додаде дека се работи на отстранување на сите утврдени недостатоци и дека од 1 февруари возачите свесно ќе придонесуваат за поголема безбедност во сообраќајот. Граѓаните досега прашуваат која би била процедувата за пријавување неправилности за „Сејф сити“, а Тошкпвски со ова јасно даде дознаење.