Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во гостување на Б92 истакна дека Србија има поголем прилив на странски инвестиции отколку Босна и Херцеговина, Македонија, Албанија и Косово заедно.
Вучиќ ексклузивно покажа документи кои покажуваат дека Србија има речиси двојно повеќе прилив од странски директни инвестиции.
– Црна Гора, Босна и Херцеговина, Македонија и Албанија имаат заедно една милјарда и 700 милиони евра странски директни инвестиции, а Србија има над 3 милјарди, истакна Вучиќ.