Станува збор за авганистански државјани кои работеле за НАТО во Авганистан.
Тие беа пречекани од највисоките претставници, косовскиот премиер Албин Курти и претседателката Вјоса Османи, како и американскиот амбасадор во Косово, Филип Коснет.
Премиерот Курти рече дека им посака добредојде и рече дека се безбедни овде.
–Чест ни е што имаме можност да им помогнеме на овие бегалци. Кога станува збор за нашите сојузници, тогаш прашањето не е зошто, туку само како можеме да помогнеме, рече тој.
–Не само што ја отворивме вратата, туку и нашите срца. Ние најдобро знаеме како е да се напушти својата куќа, рече Османи.
Инаку, Косово, според најавите, ќе обезбеди сместување за околу 2.000 авганистански војници, кои ќе бидат сместени во различни сместувачки центри.