Четириесет илјади вакцини против сезонски грип за ранливи групи население пристигнаа во земјава. Во тек се законските процедури во Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), со цел спроведување на вакцинацијата, што е предвидено да почне во текот на следната недела, соопшти Министерството за здравство.
Станува збор, посочуваат од Министерството, за четиритипна вакцина против сезонски грип, од компанијата „Абот“ од Холандија,
Од Министерството ги повикуваат граѓаните од ранливите групи, како што се: стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од шест месеци до пет години, да се пријават преку страницата vakcinacija.mk, по што ќе добијат смс порака со точниот датум, час и место кога треба да се вакцинираат.
Воедно, Министерството за здравство испрати допис до матичните лекари да им излезат во пресрет на заинтересираните граѓани да се пријават во системот за вакцинација. Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи, стои во соопштението.
Граѓаните, кои спаѓаат во ризичните групи може да го искажат својот интерес преку пополнување на апликацијата на следниот линк: