Државната изборна комисија соопшти дека пратката ќе биде пречекана пред Домот на АРМ во 13 часот.

Првите уреди за биометриска идентификација пристигнаа на почетокот на месецов и со нив се обучуваат избирачките одбори. Уредите за биометриска идентификација или уште познати како фингерпринт се набавени од германската фирма „Дермалог“. За првпат ќе се користат на претстојните локални избори со цел да се зголеми довербата во изборниот процес и да се елиминираат досегашните сомневања во изборните резултати.