ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДС дека во изминатите седум години го претворила медиумскиот простор во корумпирана квази-мрежа за лични интереси и партиска пропаганда, создавајќи притисоци врз новинари преку изолација, дискредитација и уцени. Медиумската машинерија на Артан Груби и Марјан Забрчанец е означена како синоним за медиумско подземје. ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека сега Македонија е демократска држава, а владата работи на вистинска слобода за професионалните новинари.

Притисоци врз новинари: Корумпирана мрежа на СДС

„Во изминатите 7 години го претворија медиумскиот простор во корумпирана квази-мрежа за лични интереси и партиска пропаганда. Секој новинар што не се поклонуваше на режимот беше изолиран, дискредитиран или притискан“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ, истакнувајќи ги притисоците врз новинари за време на владеењето на СДС.

Медиумско подземје на Груби и Забрчанец

„Медиумската машинерија на Артан Груби и Марјан Забрчанец и денес е синоним за медиумско подземје – мрежа од уценети портали, милионски тендери и монтирани вести по нарачка“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, ова било време кога државата тонела, а народот плаќал за лагите на власта.

Денес, вистината излегува на виделина. Македонија е повторно демократска држава. Нема враќање назад. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја враќа вистинската слобода на медиумите, не слобода за криминално здружени квази новинари, туку слобода за професионалци, за објективност, критичност и интегритет“, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС нема право да зборува за слобода, откако години ја газеше и ја продаваше за рејтинг и власт. Ги повикуваме новинарите на националните медиуми и другите да кажат дали Забрчанец им правел притисок како што се жалеле пред меѓународната заедница. Го повикуваме ЗНМ јавно да каже дали има случај на притисок од оваа влада и да го посочат со име и презиме.

Такво нешто не постои и затоа соопштенијата на СДС се лицемерни и дегутантни исто како што таткото на хаосот со модуларната Филипче оди кај семејствата од Кочани така и креаторот на притисокот кон медиумите сега пишува соопстенија од СДС. Тоа е таа сдсмовска пракса и однесување заради кои имаат 4.5 посто рејтинг, а народот јасно го препознава“, заклучуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Извор: Kanal 5