Од МВР соопштија дека Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против М.М.(28) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“.

– Тој се сомничи дека во периодот од 5 до 11 ноември 2021 извршил кривично дело убиство на неговата баба В.Б. (75) во нејзиниот стан на улица „Никола Малешевски“. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор, појаснуваат од МВР.