Осомничениот Живко Грозданоски доби притвор од 30 дена за убиството на 76-годишниот Климе Митрески во Охрид. Судија на претходна постапка во Основниот суд Охрид ја прифатил проценката дека постои опасност од бегство и можност за влијание врз сведоци, по што осомничениот е спроведен во затвор.

Според истрагата, Грозданоски е осомничен дека на 25 март од користољубие го лишил од живот Митрески. Настанот се случил во домот на жртвата, каде по вербална расправија, осомничениот физички го нападнал, а потоа и го задушил, со цел да го спречи да го раскине договорот за доживотна издршка.

Синот на осомничениот, Божидар Грозданоски, преку објава на Фејсбук изрази поддршка за својот татко, наведувајќи дека со години совесно и чесно ја извршувал лекарската професија.