Како што информира ЈО, на 1 август, во неговиот дом во Битола, осомничениот извршил други полови дејствија врз девојче родено 2011 година. Вознемирено, девојчето се расплакало и го напуштило станот.

Ценејќи дека постојат законските основи, јавниот обвинител од судијата на претходна постапка при Основниот суд Битола достави предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена како мерка за негово обезбедување во текот на постапката.​