Тој вчера беше донесен во Државното обвинителство во округот Славонски Брод, каде што се бранеше со молчење, изјави заменик обвинителот Фрањо Купуниќ, наведувајќи дека на возачот му е доделен адвокат по службена должност.
Според полициското соопштение, возачот е осомничен дека предизвикал сообраќајна несреќа со смртоносен исход, за што е предвидена казна затвор од шест месеци до 15 години.
Тешка несреќа се случила во неделата во 6.20 часот на автопатот кај Славонски Брод, кога се превртел автобус со косовски ознаки. Во автобусот имало 67 патници и двајца возачи кои патувале од Франкфурт кон Косово, при што загинале девет патници и возачот кој не возел во тоа време.
Десетици патници беа повредени, претежно косовски државјани кои работат во Германија. Заменик-општинскиот државен обвинител во Славонски Брод, Славко Прањиќ, вчера изјави дека возачот кој бил пронајден на местото на несреќата во својата прва изјава рече дека заспал.