Зафировски: Веднаш ќе тргнеме кога парите ќе бидат префрлени

Приватните превозници во Скопје остануваат надвор од сообраќајот сè додека ЈСП – Скопје не им ги префрли договорените средства. Претставникот на приватните превозници, Јовица Зафировски, за ТВ24 изјави дека превозот ќе продолжи веднаш штом парите пристигнат на нивна сметка.

„Имаме информација дека Градот Скопје веќе има уплатено 40 милиони денари на ЈСП за нас. Чекаме ЈСП Скопје да ги префрли тие средства, по што автобусите веднаш ќе се вклучат во сообраќај“, нагласи Зафировски.

Недостаток од гориво и средства за одржување го блокира превозот

Приватните превозници немаат средства ниту за гориво, ниту за тековно одржување на автобусите, поради што не се во можност да продолжат со работа. Тие веќе неколку дена не сообраќаат, откако им истече двегодишниот договор со Град Скопје и ЈСП – Скопје.

 Метеж и незадоволство на граѓаните поради намалениот број автобуси

Отсуството на приватните автобуси значително се чувствува на скопските улици. Граѓаните секојдневно се соочуваат со долги редици на постојките и преполни автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие, кое не може да ги покрие сите линии. Сцените од метеж и доцнење станаа секојдневие за патниците.

Извор: Република