Во Куманово синоќа, во 21.45 часот, полициски службеници го лишиле од слобода кумановецот С.А.(25), известуваат од МВР.
С.А. се сомничи дека на улицата „Средорек“ во Куманово од приватен имот одзел предмети.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.