При претрес извршен со претходно издадена судска наредба во дом и други простории на ул.„Пере Тошев“ во Прилеп, во кои живее Ф.М. биле пронајдени и одземени марихуана, кафеава прашкаста материја, дигитална вага и пари во различни апоени.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.