На подрачјето на Кисела Вода, денеска, во 10.45 часот полициски службеници од Единицата за насилен криминал-Одделение за насилен криминал го лишиле од слобода Д.А.(38) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, како што соопшти МВР, на 04.09.2002 во 17.33 часот во угостителски објект во Дебар Маало, Д.А. со стаклен предмет физички го нападнал С.П.(31) од Скопје.
-Со него бил извршен службен разговор во кој го појаснил извршувањето на кривичното дело. Известен е Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следи кривична пријава, наведуваат од МВР.