Полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Блато вчера во 08.20 часот, го привеле А.С.(64) од гостиварското село Чегране.
На граничниот премин Блато, информираа денеска од МВР, при пасошка контрола при влез во државата, во патна исправа ставил пари и се обидел да даде поткуп на полицискиот службеник.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.