Полициски службеници од СВР Скопје денеска во 13:00 часот на подрачје на Гази Баба го лишија од слобода А.Б.(33) од село Арачиново, скопско, кој со потерница се барал за издржување на казна затвор во траење од 18 месеци, поради сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“ казниво по чл.418-б од Кривичен законик.

Како што информира МВР, лицето ќе биде предадено на соодветната установа.