На 19.05.2022 во 20 часот, полициски службеници од Полициската станица Битола го лишиле од слобода Б.Б.(36) од с.Неготино, гостиварско. Тој бил баран по наредба од Основен суд Гостивар за издржување казна затвор од шест години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори по чл.215 ст.1 во врска со чл.22 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово – Скопје за издржување на казната.