Вчера во Стар Дојран, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран го лишиле од слобода 22-годишниот И.Х. од Египет, извести МВР.
– Околу 07.30 часот тој бил затекнат со група од 25 лица мигранти (меѓу кои пет малолетници), сите од Сирија и по преземени мерки било утврдено дека тој ги организирал и им помогнал илегално пеш да ја поминат државната граница од Република Грција во Република Северна Македонија. Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија, а И.Х. бил задржан во полициска станица, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.