– Вчера во 20:00 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го привеле И.А.(54) од Гостивар. Тој бил баран со судска наредба за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, се вели во соопштението на Министерството.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.