На 21.03.2022 во 19.45 часот на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје го лишиле од слобода А.В.(32) од Скопје, информира МВР.
Тој бил баран со централен распис, поради сомнение за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик.
А.В. бил спроведен во Полициската станица Центар за понатамошна постапка.