Поранешниот директор на Дирекција за ТИРЗ и долгогодишен член на СДСМ, Јован Деспотовски денеска е уапсен од страна на финансиската полиција. Фокус неофицијално пренесува дека Деспотовски се апси заради наводна проневера од два милиони евра. Поточните информации се дека тие пари биле проневерени преку ТИРЗ Струмица и ТИРЗ Штип.

Извори на Фокус тврдат дека ќе се бара замрзнување на имотот на компанијата.

Деспотовски во последните години беше активен по медиумите особено во периодот на парламентарните избори. За време на изборите беше гласен во СДСМ, а по изборите му беше противкандидат на Венко Филипче за прв човек на СДСМ.