Албанската полиција привела две лица во врска со запленетите 45,5 килограми кокаин во пристанишниот град Драч, чија дестинација била Северна Македонија.
Станува збор за Арбен Феризи (30), жител на Приштина и администратор на компанијата „Апетит груп”, која била нарачател на пратката-контејнерот со пилешкото месо од Бразил, каде била отриена е дрогата.
Второпритворениот е Егерт Варгу(39) жител на Тирана, царински агент договорен од компанијата „Апетит груп”.
Бродот во кој бил контејнерот во Драч пристигнал на 12 јуни од грчкото пристаниште Пиреа, а отпловил од Драч на 13 јуни.
По добиените информации по оперативен пат албанската полиција вчера доцна попладне почнала со детална контрола.
Синоќа соопшти дека во контејнерот со пилешко месо, нарачка за трговски субјект во Северна Македонија откриени се 40 пакетчиња со кокаин, односно 45,5 килограми. Пакетчињата биле обвиткани со фотографии од анимираниот филм „Драгон бол”.
Администраторот на компанијата негирал било каква поврзаност со дрогата, додавајќи дека „неговата компанија работи добро и нема потреба да се занимава со дрога”.