Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола на ул.„Караорман“ во Битола го лишиле од слобода Ѓ.М.(33) од Битола.

Тој се барал со наредба од Основен суд Битола за издржување на казна затвор од една година за извршени тешки кражби на подрачјето на Битола.

Лицето ќе биде предадено во казнено-поправна установа за издржување на казната.