Полициски службеници од СВР Велес вчера привеле 17-годишник од Кавадарци. Тој се сомничи дека во периодот од 10.02.2023 до 12.02.2023 на подрачјето на Велес извршил пет тешки кражби и шест тешки кражби во обид, а бил баран по потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа малолетнички затвор Тетово, поради бегство од затворот.
Дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците, а лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната. По целосно документирање на случаите, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР