Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Кисела Вода расчистиле кривично дело „кражба“ извршено на 12/13.04.2022 во скопско Сопиште, при што е пронајден сторителот на делото, Т.Т.(40) од Куманово.
Со него, како што информираа денеска од МВР, бил извршен службен разговор, а тој во целост го признал извршувањето на кражбата.
– Т.Т. во периодот од 12/13.04.2022 од 33-годишен жител на Сопиште одзел поголем број алати и материјали и ги натоварил во своето товарно возило со кумановски регистарски ознаки. Полициски службеници од СВР Куманово извршиле претрес кај Т.Т. во Куманово, при што биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело, кои се одземени и вратени на сопственикот, се појаснува во соопштението од МВР.
По документирање на случајот, против Т.Т. ќе биде поднесена кривична пријава по чл.235 од Кривичниот законик.