На 22.06.2023 во 04.30 часот на ул.„Панко Брашнаров“ во Штип, полициски службеници од Полициската станица Штип го привеле Е.И.(29) од Штип.
Тој бил осуден на казна затвор од пет години за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница за доиздржување на три месеци од казната.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на казната.