На 28.07.2022 во 18.20 часот на улица „8 Март“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Е.(40) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и три месеци за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.