На 23.08.2023 околу 20.10 часот во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 26-годишниот гостиварец Ј.И.
Тој се сомничи дека претходно извршил кражба, при што одзел електричен тротинет, сопственост на 27-годишниот Џ.А., исто така, од Гостивар.
Тротинетот бил пронајден и вратен на сопственикот, а Ј.И. бил задржан во Полициската станица Гостивар.
По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.