Охридската полиција при акција спроведена вчера на лице место приведе крадец при извршување тешка кражба во куќа. Настанот според СВР Охрид е регистриран на улица „Гоце Делчев”, околу 17 часот.
Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.