Полицајци од Полициската станица Бит-пазар вчера го лишиле од слобода М.К. (49) од Скопје поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“.

Како што соопшти МВР, М.К. истиот ден околу 9:00 часот во автобус на ЈСП „Скопје“ бр. 57 на улицата „Цветан Димов“, осомничениот М.К. одзел женски паричник во кој имало пари и документи од оштетената М.Б. (23) од Скопје.

Со М.К. бил извршен службен разговор во полициска станица во присуство на јавен обвинител, а од страна на оштетената извршено е препознавање.

Против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава за „тешка кражба на дрзок начин“.