Полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје го лишиле од слобода скопјанецот А.Т.(26), кој денеска во 04.15 часот на ул.„Раде Јовчевски Корчагин“ бил затекнат при обид да изврши „тешка кражба“ во куќата на М.С.(30).
Како што соопшти МВР, кај него бил пронајден и одземен предмет поврзан со кривичното дело.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.