Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје синоќа во 21.55 часот на бул „Никола Карев” во Скопје го лишиле од слобода Р.М.(46) од скопското село Трубарево.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека Р.М. бил баран по централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и 10 месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Лицето било предадено во казнено-поправна установа за издржување на казната.