На 01.03.2024 во 06.55 часот на ул.„Зендел Џемаил“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го О.Б.(58) од с.Огњанци, скопско.
Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
Лицето било предадено во Полициската станица Гази Баба, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.