35-годишен жител на велешкото село Бузалково е приведен откако полицијата го пронашла по распишана централна потерница за издржување затворска казна.
Мажот бил лишен од слобода на 21 октомври, околу 23:30 часот, од полициски службеници на СВР Велес. За него имало судска наредба за издржување едногодишна затворска казна поради сторено кривично дело „тешка кражба“.
По приведувањето, тој бил спроведен во затворот „Идризово“, каде што ќе ја издржува казната.
