Инспектори од ЕВР Кисела Вода, отсек потраги денеска приведоа едно лице барано со потерница од Основен Суд-Скопје 1 за кривично дело затајување.
– Денеска во 11:30 часот инспектори од ЕВР Кисела Вода-Отсек Потраги од слобода го лишија С.М. (59) од Скопје, баран по потерница од Основен Суд-Скопје 1 за кривично дело затајување по чл.239 ст.5 вв со ст.3 вв 1 чл.45 од КЗ и чл.247 ст.4 в.в. ст.1 чл.22 од КЗ на РСМ, наведуваат од МВР.