Во Скопје на ул. „Кеј Димитар Влахов“ во Скопје вчера полициски службеници од Одделение за криминалистички работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Р.(35) од Р.Косово.

Како што соопштија денеска од МВР, Н.Р. бил баран по централна потерница од Основен суд Куманово за пресуда од една година казна затвор.

Лицето е спроведено до КПУ Куманово за понатамошна постапка.