Во населба Гази Баба, Скопје, денеска полициски службеници од Сектор за меѓународна полициска соработка – Сектор за потраги го лишиле од слобода К.И.(34) од Скопје.
-Тој бил баран по потерница врз основа на Наредба од Основен суд Скопје 1 за издржување на казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, информира МВР.
Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.