Полицијата вчеравечер во Скопје приведе 37-годишен скопјанец кој се барал по две централни потерници за доиздржување затворска казна од шест години и девет месеци.

– На 15 март во 21:25 часот на улица „Карпошово востание“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги и Единицата за интервентна полиција го лишиле од слобода Е.К. (37) од Скопје. Тој се барал по две централни потерници – од Казнено-поправната установа Затвор Штип за доиздржување казна затвор од шест години и девет месеци, а бил осуден на 10 години и четири месеци затворска казна за сторени кривични дела по член 386, член 238 и член 236 од Кривичниот законик, како и од Основен суд Скопје 1 Скопје за истрага за сторено кривично дело по член 292 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

При преглед кај него и претрес во домот каде престојувал, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол, куршуми, повеќе таблети во различни бои и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела. Тој бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка.