Денеска (18.03.2022) во 13.30 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за потраги при СВР Куманово го лишиле од слобода Љ.Ц.(50) од Куманово. Тој бил баран по централна потерница за доиздржување казна затвор од 4 години и 6 месеци казна затвор, а бил осуден на 15 години и 4 месеци за сторени повеќе кривични дела по член 236 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Прилеп за доиздржување на казната.