Приведен криминалец баран со потерница за казна затвор

П
Хроника 05.04.2023. 22:20

На 05.04.2023 од страна на  полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола од ул. “Паца Ванчова” во Битола по распишана потерница по наредба од Основен суд Битола, приведен е  П.Д.(36) од Битола.

Тој бил баран за издржување на казна затвор во траење од 3 години и 6 месеци во Казнено поправна установа Затвор Битола.

Лицето е предадено на казнено поправната установа за издржување на казната.


Останати вести од Хроника

Подкаст

Подкаст