Имено, по наредба од Казнено-поправна установа Идризово, Скопје, тој се барал за доиздржување на затворска казна од 3 години и 14 дена, во врска со чл.215 и чл.396 од Кривичниот законик, за кои бил осуден на казна од вкупно 6 години затвор. Според наредба од Основен суд Скопје 1 истиот е осуден на 2 години и 6 месеци, во врска со чл.382 од Кривичниот законик. Во однос на двата централни расписи од МВР, О.М. се барал по член 383 и по член 288 од Кривичниот законик.

О.М. ќе биде спроведен во Казнено-поправна установа Идризово за доиздржување на казна затвор од вкупно 5 години, 6 месеци и 14 дена од вкупната затворска казна од 8 години и 6 месеци на која е осуден.