На локалниот пат од село Долно Количани кон село Горно Количани, скопско, денеска во 14.20 часот, полициски службеници од Оперативен тим – Потраги при СВР Скопје, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода Е.Т.(30) од Долно Количани, соопшти Министерството за внатрешни работи.
За него била распишана централна потерница за издржување мерка притвор, поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на мерката притвор.