На автопатот А1, кај тунелите Демир Капија, синоќа во 19.50 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Богородица“ го привеле Н.Ц.(54) од Косово.
Како што информираа денеска од МВР, при преглед во возилото „фолксваген туран“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени седум лица – мигранти од Пакистан.
Н.Ц. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.