Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово денеска во 2:15 часот во реонот на локалитетот Стоби го лишиле од слобода В.Т.(35) од Скопје.
Како што информира МВР, при преглед во возилото „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени две лица мигранти од Сирија.
В.Т. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.